Поддршка од ЕУ за подобрени услуги за даночните обврзници
Модерна даночна администрација не е само наплатата на даноците, давачките и придонесите, туку и континуирано да инвестира во намалувањето на административното оптоварување за даночните обврзници преку подобрување на даночните услуги и поедноставување на процедурите.
За таква даночна администрација Европската унија преку проекти ја финансираше Управата за јавни приходи и овозможи јакнење на квалитетот на даночните услуги во Македонија. УЈП денеска во Регионалната дирекција Скопје ќе ја промовира помошта од ЕУ на која свое обраќање ќе имаат, шефот на Делегацијата на Европската унија, Самуел Жбогар, министерот за финансии Драган Тевдовски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
Од УЈП информираат дека во текот на последните три години, седум проекти финансирани од ЕУ, со вкупна вредност од 1,5 милиони евра овозможија јакнење на квалитетот на даночните услуги преку воспоставување методи и алатки за ефективно информирање и комуникација, како и градење на капацитетите на УЈП за подобрување на квалитетот на даночните услуги и соработката помеѓу даночните обврзници и Управата.
Kонтакт центарот на Управата за јавни приходи е реновиран, обезбеден е канцелариски мебел, како и нов интегриран ИТ систем за Повикувачкиот центарот и друга опрема.
Од УЈП наведуваат дека нови кориснички ориентирани даночни услуги се развиени, дизајнирана е веб страница за Контакт центарот за да нуди навремени информации и модерни он-лајн услуги за даночните обврзници, како и можност да се закажат лични консултации. Исто така, набавени се мобилни даночни шалтери, со цел да се овозможи пристап до даночните услуги за граѓаните кои живеат во најоддалечените области. Покрај тоа, капацитетите на УЈП за испорака на ефикасни даночни услуги се подобрени по пат на поддршка, трансфер на знаење и примена на најдобри практики со помош на Шпанската даночна администрација – Agencia Tributaria.
Ново на Сител
-
РФМ: Македонија треба да биде горда, бидејќи има светла ракометна иднина
-
На возилото од Министерството за политички систем му недостигале делови, а дел биле заменети
-
Поевтинуваат горивата
-
65-годишник украл скутер во Тетово
-
Во сообраќајка на патот кон Средно Водно повредено шестмесечно бебе
-
Муцунски разговараше со израелскиот амбасадор
-
Српскиот патријарх во Македонија за Свети Сава
-
9 лица, меѓу кои и малолетник, приведени во Куманово, нелегално продавале тутун на Градскиот пазар