Поддршка на туристичките услуги во Крива Паланка

Ќе се подобрува квалитетот на туристичките услуги во прекуграничниот регион преку зголемување на квалификациите и стимулирање на претприемништвото меѓу младите. Ова, како што беше речено денеска на прес-конференција, е целта на проектот од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија.
Преоектот ќе трае 15 месеци, а го имплеменитира здружението „Младински општински совет“ од Ќустендил во партнерство со здружението „Регионален центар за сорабока Спектар“ од Крива Паланка.
Според Методи Цвековски од „Спектар“, при подготовката на проектот е направено истражување во областа на претприемништвото во двата региона, Ќустендилска област и Североисточниот во Македонија, и се констатирани потешкотиите и предностите во областите од двете страни на границата.
- Проектот пред се предвидува зголемување на квалитетот на туристичките услуги во прекуграничниот регион преку подобрување на квалификациите и стимулирање на претприемништвото, а целна група се млади над 18 години, невработени и студенти, истакна Цветковски.
Предвидена е изработка на акциски план за поддршка на туризмот врз основа на кој ќе се градат соодвени туристички продукти.
- Ќе има специјализирани обуки за млади претприемачи во туризмот од двете страни на границата, он-лајн плаформа за одредени понуди во областа на туризмот и он-лајн консултации, со достапност на експерти во областа одреден период, кои ќе им помогнат на сите што сакаа да ги развиваа постоечките бизниси или да отворат нови компании-дополни Цветковски.
Активностите од проектот ќе се заокружат со настан за создавање мрежа на млади претприемачи во областа на туризмот.
- Ова е переспективна и една од најпродуктивните области во двата региона која доколку добро биде развиена ќе придонесе за голем профит и бенефит на областите. Се надевам ова ќе придонесе за поголема туристичка понуда и генерирање работни места. Особено сме благодарни за поддршката која ја имаме од локалната самоуправа на Крива Паланка, потенцира Цветковски.
Ова е четврти по ред проект на „Спектар“, финансисран од ИПА, насочен кон економски развој и создавање услови за подобра соработка меѓу двата региона. Претходниот проект кој овозможи соработка меѓу винарит беше еден од 100-те најуспешни добри практики во рамки на ИПА проектите на ЕУ.
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
