Под силен дожд, осветлена новогодишната елка во Атина
Без разлика дали врне или паѓа снег, Атина ќе биде осветлена, порача, на шега, атинскиот градоначалник, Костас Бакојанис за време на манифестацијата за осветлување на новогодишната елка во центарот на градот и покрај силниот дожд, јави дописничката на МИА од Атина.
Оваа година плоштадот Синтагма во центарот на Атина го краси 17 метарски новогодишна елка.
Осветлувањето на новогодишната елка беше пропратено и со 3D projection mapping на зградата на грчкиот Парламент, што воедно беше и новина воведена од новиот градоначалник на Атина. Паралелно се одржа и музичко шоу, а меѓу изведувачите беше и популарната грчка пејачка Елена Папаризу.
Градоначалникот на Атина, Костас Бакојанис, во кусиот поздрав до присутните граѓани рече дека е особено среќен што освен центарот, оваа година украсени се и други улици и плоштади “кои со години беа заборавени”.
Ново на Сител
-
30 години Сител со Лила Филиповска
-
Се чека одлука за притворот на Груби и Бајрами
-
Промени и иновации за подобар регионален развој
-
Охрид: Потребна е засилена контрола на она што се гради
-
Преглед на вестите од свет
-
30 години Сител со Игор Филевски - Топки
-
30 годишни Сител со сопругата на Драган Вучиќ - Весна Вучиќ
-
30 години Сител со Снеже Велков