Поцрвене реката Брегалница

Реката Брегалница поцрвене. Од саботата во текот на попладневните часови до вечера попладнето од каналот кај поранешниот Текстилен комбинат Македонка, некоја фирма испуштила црвена боја.
Спортско риболовното друштво (СРД) „Брегалница“- Штип го извести, Владимир Черкезов Државниот инспектор за животна средина, кој зеде мостри од реката, кои веднаш се испратени на анализа во Скопје.
Секретарот на СРД „Брегалница“, Благој Димитров вели дека ова не е првпат реката да е обоена во некоја боја.
-Немаме регистрирано помор на рибата, но жално е што цел Штип пие вода од бубарите кои се лоцирани под поранешниот текстилен комбинат „Македонка“. Ова не е првпат Брегалница да е обоена во некоја боја, вели Димитров.

Државниот инспектор за животна средина , Владимир Черкезов вели дека во кругот на поранешна „Македонка“ има четири фирми кои работат со боење на материјали.
-Кој е причинителот не знаеме. Нема помор на река Брегалница, а единствено знаеме дека е забрането испуштање на обоени материи во Брегалница, вели Черкезов.
Тој истакна дека мострите од водата се испратени, а во рок од седум дена се очекува да се добијат и анализите, со што ќе се утврди која инсталација испушта боја во реката Брегалница.
Ново на Сител
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
-

Прогласена епидемија на западнонилска треска во пет скопски општини - почина 83 годишен скопјанец
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Македонија регистрирани 26 случаи на западно-нилска треска
-

Зголемен интерес за упис на УГД-Штип
-

Младите од Прилеп бараат отворање на Младински културен центар, како и повеќе културни и спортски настани
-

Охрид 19 дена во знакот на водените спортови
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
