Поцков: Реализација на повеќе инфраструктурни проекти во 2019 година во Гевгелија
Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, на денешниот брифинг со новинарите најави реализирање на неколку значајни проекти во 2019 година со кои општината ќе биде ангажирана во настојувањата да им обезбеди поквалитетни услови за живот на своите граѓани.
Во текот на 2019 година гевгелискиот градоначалник го најави почетокот на изградбата на стационарот за бездомни животни во околината на Негорци, пробивањето на Западниот булевар со кој ќе се заокружи обиколницата на градот, поврзување на Негорци, Прдејци и Богородица со новиот водоснабдителен систем, изградба на 14 училници кои ќе обезбедат услови за едносменско работење во средното училиште во Гевгелија и заедничка изградба со општина Богданци на локалниот пат Богородица-Стојаково-
Поцков најави дека ќе се решава сообраќајниот метеж во централното градско подрачје за што веќе е изготвен проект од претходната локална власт за обезбедување паркинг простор.
– Околу овој проект ни останува само добро да го промислиме уште начинот на плаќање затоа што половина од паркираните автомобили во Гевгелија се со грчки регистарски таблички така што плаќањето преку јавување со телефон не е функционално. Веројатно тоа ќе го решиме со купување картички за паркирање од страна на возачите, рече Поцков.
Наш приоритет, рече Поцков, ќе биде и лесниот пристап до дел од 80 милиони евра што Министерството за транспорт и врски им ги стави на користење на локалните самоуправи за реализација на инфраструктурни проекти.
– Со вработените во секторот за урбанизам веќе почнавме да градиме стратегија како побрзо да дојдеме до дел од парите што ни стојат на располагање и се договоривме веднаш да подготвиме и приложиме проекти за изградба на локални патишта, канализацики и водоснабдителни системи по населените места што инаку е обврска на локалната самоуправа, нагласи Поцков.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни зголемување на цената на електричната енергија нема да има
-
Повредени тројца од екипата на Итна помош откако беа заглавени во лифт во Кисела Вода што паднал во подрум
-
За пет месеци фреквенцијата на патници на ГП „Блато" зголемена за 14 отсто
-
Николоски бара Обвинителството да го испита работењето на ЈП за државни патишта и ЖРСМ Инфраструктура
-
Приведен скопјанец кој уценувал девојка
-
До март најверојатно ќе се реализираат две линеарни зголемувања на пензиите, најави Мицкоски
-
Мицотакис: Ги предупредуваме нашите северни соседи, не почнавте добро, престанете да правите сметка без крчмарот
-
Претседателката Сиљановска Давкова го прими кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо