Почнуваат 56-те Рацинови средби
Со Беседа за Рацин и Меѓународен поетски митинг со учество на поети од балканските земји вечерва во 20,30 часот во салата на театарот во Велес свечено ќе бидат отворени годинашните 56-ти по ред Рацинови средби.
Попладнево во 18 часот во чест на Рацин ќе се одржи и велосипедска трка „Возиме за Рацин“, а потоа кај Спомен костурницата, каде што почива Рацин ќе биде положено цвеќе, а ќе бидат засадени садници во Шумата за Рацин од страна на добитниците на годинашното Рациново признание за 2019, од проф Венко Андоновски и на Почесното Рациново признание за 2019 од Милан Јазбец словенечкиот писател, професор и актуелен амбасадор на Република Словенија во земјава.
Во рамки на манифестацијата ќе се одржи и традиционалната Почит за Рацин, пред двата споменика на Рацин, во центарот на градот и пред велешката Гимназија што со гордост го носи неговото име.
Во 19,45 часот во фоајето на театарот ќе биде отворена историската изложба за Рациновите средби насловена „Споменот на Рацин низ времето“, а потоа ќе биде промовирана книгата „Бели мугри на словенски јазици“ што ја подготви Раде Силјан, а ќе ја промовира проф. д-р Кристина Николова.
На вечерашното свечено отворање концерт ќе одржи и етно групата „Монистра“.
Програмата на 56- те Рацинови средби продолжува утре.
Годинава се одбележуваат точно 80 години од излегувањето од печат на стихозбирката „Бели Мугри“ од Рацин на македонски јазик со велешки дијалект во Самобор,Р Хрватска во ноември 1939 година, составено од социјални и револуционерни песни, а која е преведена на голем број светски јазици.
Ново на Сител
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст
-
Донесени измените на Законот за средно образование
-
Зоолошка: Ламата која угина имаше туберкулоза, за оваа болест кај животните нема лек, ниту пак постои вакцина
-
По 7 години запуштеност, „Македонско село“ повторно ќе заживее!
-
Таравари: Секој кој се огрешил пред законите мора да понесе одговорност