Почнува универзитетска програма за професионално усовршување на разузнавањето
Свечено отпочнување на првата универзитетска програма за стручно и професионално усовршување за разузнавањето, а воедно и првиот македонски Курс за разузнавње на Факултетот за безбедност и Агенцијата за разузнавање ќе се одржи денеска во Скопје.
Свеченоста ќе се одржи во Агенцијата за разузнавање, а обраќања ќе имат директорот на Агенцијата за разузнавање Зоран Иванов, деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски и продеканот за наука и развој на Факултетот Марјан Ѓуровски.
Со овој нов проект се отвора нов процес на едукација и професионализација на вработените во Агенцијата за разузнавање. Програмата за разузнавање и анализа е напреден универзитетски курс за стручно и професионално усовршување во разузнавањето. Опфаќа повеќе области од оперативното делување, методи на собирање на податоци, современите безбедносни трендови и политики. Програмата ќе се реализира врз основа на Законот за високо образование и Законот за Агенција за разузнавање.
Општа цел на програмата е овластените службени лица да добијат унифицирани знаења од разузнавањето, оперативното окружување и современите трендови за да бидат оспособени успешно да ги поддржуваат задачите и обрските на Агенцијата за разузнавање на Република Македонија, во денешното комплексно безбедносно опкружување.
Наставно–образовниот процес ќе се реализира низ предавања, анализи, вежби и практично–применети форми на настава со над 150 часа.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп