Почнува снимањето на краткиот игран филм „Елена“

Во Скопје утре ќе почне да се снима краткометражниот игран филм „Елена“ по сценарио и режија на Дина Дума, на продуцентската куќа Пигменто визуал студио.
- „Елена“ е трагикомедија за стара дементна жена, која поради болеста мисли дека има седумнаесет години и се подготвува да се сретне со нејзиното момче. Низ комични ситуации се запознаваме со син и, кој треба да ја однесе во дом за стари лица, а за да ја изнесе од куќата почнува да ја лаже дека ја носи на состанок со момчето, соопшти продукцијата.
Улогата на жената ќе ја толкува познатата српска актерка Ева Рас, а нејзиниот син ќе го игра македонскиот актер Јордан Симонов. Директор на фотографија е Наум Доксевски, продуцент Ванчо Мираковски.
Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
