-->
-->
Почнува снимањето на филмот „Кога нè нема”
-->

Во Скопје утре ќе почне снимањето на краткометражниот игран филм „Кога нè нема” во режија и по сценарио на Стефан Палитов. Станува збор за дебитантски професионален филм на младиот режисер.
„Кога нè нема” е емотивна приказна за тоа како се справуваат со загубата оние што остануваат да живеат, откако нас веќе нè нема.
Улогите ги толкуваат Огнен Дранговски, Амернис Јовановска Нокшиќи и Јана Никодиновска. Директор на фотографија е Владо Димоски, сценограф е Влатко Зафирковски, а костимите се на Роза Трајческа Ристовска.
Филмот е во продукција на Квазар Филм и е поддржан од Агенцијата за Филм на Република Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
