Почнува реализацијата на втората фаза од системот за наводнување на јужна долина на Вардар
Почнуваат градежните работи за изградба на системот за наводнување на јужната долина на реката Вардар, втора фаза.
Почетокот на работите ќе бидат означени на влезот на селото Јосифово, Валандовско.
На отпочнувањето на градежните работи ќе се обрати премиерот Зоран Заев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и претставникот на компанијата изведувач „Штрабаг“, Горан Ракиќ.
Ова е капитална инвестиција за воведување модерни системи за водоснабдувањето во земјоделството во вредност од 24,3 милиони евра, од кои дел се буџетски пари, а дел кредит и грант од КфВ банката.
Целта на системот е да придонесе за намалување на трошоците и загубите во производството, како и создавање модерно земјоделство и навреме да добијат вода.
Со новиот систем се очекува да се обезбеди навремено и квалитетно наводнување на над 2.000 хектари земјоделска површина. Ќе се зафаќа вода од Удово од реката Вардар, понатаму со главен цевковод од 8,9 километри ќе се носи до препумпни станици и ќе има дистрибутивна мрежа од 85 километри.
Ново на Сител
-
Светот во исчекување на инаугурацијата на Трамп
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче - Во судница се презентираат снимки
-
Обвинителството води предистрага за Груби и Беџети
-
Левица бара ограничување на патните трошоци за пратениците
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Земјоделците бараат долгорочна стратегија за поголемо производство и стабилни цени