Почнува петтата Недела на дизајн во Скопје

Петтата Недела на дизајн во Скопје (Skopje design week) ќе се одржува од денеска до 29 ноември, годинава на нова локација – во Центарот за дизајн и иновации Јавна соба, кој беше отворен минатиот месец.
Официјалното отворање е вечер со изложбата „Public Jazz Groovers“, а презентациите и иновативните концепти ќе се одржуваат во наредните три дена.
Манифестацијата и оваа година ќе понуди предавања и работилници за дизајнери и архитекти, со над 150 учесници од Македонија и од неколку земји, работилници за деца и музичка програма. Во фокусот на годинашното издание ќе биде изложбата „Млади балкански дизајнери“.
По повод малиот јубилеј, ќе бидат претставени околу 30 македонски брендови кои во изминатите пет години биле поддржани од „Скопје дизајн вик“. Целта е да се охрабрат дизајнерите и компаниите за нови производи кои ќе се пласираат како бренд во земјава и во странство, а Јавна соба во својот нов простор им нуди и работилница каде што може да ги развијат прототиповите.
Директорот на „Скопје дизајн вик“ Александар Велиновски на прес-конференција рече дека со новоотворениот простор манифестацијата не трае само неколку дена, туку 365 дена зашто Јавна соба е отворена за секој креативец. Со целосното опремување на мајсторската работилница за прототипови во 2016, тој очекува во наредните години да се остварат над 150 нови македонски брендови – производи и услуги кои, како што рече, нема да бидат виртуелни, туку ќе ги има реално на пазарот.
Изложбата „Млади балкански дизајнери“ е поставена на поткровното ниво од Центарот Јавна соба. Таа произлезе од Балканската дизајн мрежа, формирана минатата година, и веќе успешно се промовира и надвор од границите на Балканот. По претставувањето во Истанбул, ќе патува во Будимпешта, а потоа во Келн - на најголемиот саем на индустријата за мебел.
Ново на Сител
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
-

Македонска државјанка се удави на Халкидики
-

ФФМ: Штетатa нанесена на ФФМ од 2015 година до 2019 година e повеќе од 2,5 милиони евра
-

Јаневска: Годинава се исплатени над пет милиони денари годинава за учество на меѓународни натпревари на ученици
-

Мицкоски: Вративме 4,6 милијарди евра стари долгови, проектираме економски развој
-

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд
-

Опожарена куќа во Бутел, нема повредени
