-->
-->
Почнува новата сезона во ракометното првенство на Македонија
-->
Новата сезона во најквалитетната машка ракометна лига во Македонија ќе стартува вечерва со натпреварот меѓу Работнички и Охрид. Дуелот се игра во Спортскиот Центар „Форца“, а почетокот е во 20 часот. Двата тима во рамките на преодниот рок направија голем број промени во своите состави. Во редовите на Работнички нови играчи станаа македонските репрезентативци браќата Маркоски, Златко Мојсоски, Мите Стоилов, како и двајца играчи од Србија. Охридскиот лигаш своите редови ги засили со четири играчи од странство.
Покрај овој дуел од 1.коло утре се игра натпреварот: Прилеп 2010 – Пелистер, додека во недела на програмата се натпреварите: ГРК Борец – Металург 2 и Пролет 62 – Радовиш. Колото ќе биде комплетирано во среда со натпреварот Вардар Јуниор – Металург, поради настапот на тимот од Автокоманда во Лигата на шампионите.
Екипите на Вардар и Макс Струмица поради играњето во СЕХА лигата ќе се вклучат во плеј офот и нема да играат натпревари од Супер лигата.
Инаку, ракометарите на македонскиот првак Вардар во недела во Лигата на шампионите гостуваат кај Монпеље во Франција, а Металург гостува кај Мотор во Украина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тринаесет години од смртта на првиот претседател Киро Глигоров
-
На новогодишната ноќ на Токсикологија 18 лица со акутно труење, најмладиот има 14 години
-
Тошковски ги посетил полициските службеници кои биле дежурни за време на новогодишната ноќ
-
Женско е првото бебе родено годинава во Кавадарци
-
Земјотрес почувствуван во Гостивар и Тетово, епицентарот во Албанија
-
Официјално отворање на скијачкиот центар „Михајлово“
-
Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген
-
ИЈЗ: Со внимателен избор на храна може да се ужива во празниците без здравствени ризици