Почнува новата академска година
На државните универзитети во Македонија денеска почнува новата академска 2015/2016 година.
За новите студенти ќе биде организиран прв академски час на факултетите, а на некои од нив ќе присуствуваат ректорите на универзитетите и претставници од ресорното Министерство.
На првиот академски час на на Државниот универзитет во Тетово ќе присуствува министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми и ректорот Вулнет Амети, а на Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ свеченоста за студентите од Медицинскиот, Правниот и од трите академии ќе биде организирана во Мултимедијалниот центар на Економскиот факултет каде ќе се обратат заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски и новиот ректор Блажо Боев.
Од Скопскиот факултет „Св. Кирил и Методиј“ информираат дека ректорот Велимир Стојковски ќе ги поздрави бруцошите на Медицинскиот факултет, а на битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ новоименуваниот ректор Сашо Коруновски ќе се обрати пред студентите на Техничкиот факултет.
За упис во прва година на државните универзитети имаше два рока - во август и во септември.
Ново на Сител
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина
-
СДСМ бара оставка од Попов: Возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка во која повредил жена
-
Нов бојкот на маркетите поради високите цени
-
Растат бројките на заболени од грип - се зголемува бројот на хоспитализации
-
Обвинение за четири лица за изведбата на фасадата на владата