Почнува ноемвриската програма на Кинотека на Македонија
Со францускиот филм „Што сме му згрешиле на Бога“ во режија на Филип де Шоверон од 2014 година, Кинотеката на Македонија вечер ќе ја почне ноемвриската програма.
- Овој месец започнуваме со прикажување современи независни филмови, продолжуваме со современата европска продукција, со францускиот киноклуб, повторно имаме недела на современ јапонски филм, овојпат скратена на само четири филмови и, исто така, продолжуваме со контунуираното месечно претставување на шведската кинематографија, соопшти Кинотеката.
Од 5-ти до 8 ноември во Кинотеката ќе се прикажуваат и филмови од годинашниот Фестивал на анимиран филм „Анимакс“, а во наредните денови ќе бидат организирани и Студентски етнолошки филмски фестивал и Фестивал за филмско сценарио „Скрипт фест“.
Ново на Сител
-
Трамп: Не смееме да го укинеме договорот за нуклеарни ограничувања
-
Маж од радовишко паднал од трактор и бил прегазен, приведен возачот на тракторот
-
Приведени 12 лица, при претрес на возила пронајдена е дрога
-
Две лица под истрага за грубо насилство во скопско Орешани
-
Кина предлага создавање меѓународна организација за вештачка интелигенција
-
Трамп пристигна во Шкотска, најави средби со Стармер и Фон дер Лајен
-
Во Скопје денеска и утре авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци
-
Беровскиот кризен штаб го повика населението доброволно да се вклучи во гаснење на пожарот на планината Готен