Почнува ликовната колонија „Љубанци 2016“
Од денеска почнува шестата ликовна колонија „Љубанци 2016“ на која ќе учествуваат 20-тина ликовни уметници од земјава и странство.
За една недела, колку што ќе трае колонијата, се очекува да бидат создадени околу 30 уметнички слики главно со мотиви од старата љубанска архитектура и убавините на Скопска Црна Гора. И годинава, неколку уметници ќе работат скулптури во дрво.
Од домашните уметници ќе учествуваат Данчо Ордев, Илија Богоевски, Владимир Лазоски, Ристо Андреев, Јагода Петковска, Орце Гогов, Виолета Ристовска, Харалампие Манчев и други, а најавено е учество и на уметници од Белград, Крагуевац и Ниш.
Во четврток е планирано да се одржи детски ликовен ден кога 20-тина талентирани ученици од основните училишта од општина Бутел ќе творат заедно со ликовните уметници.
Организатор на колонијата е општина Бутел заедно со Здружението на ликовни педагози на Град Скопје.
Ново на Сител
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава
-
Приватните превозници возат редуцирано – ги чекаат парите од Град Скопје
-
За 3000 евра македонски државјани војувале за Русија
-
Дали после празниците не очекува пикот на грипот?
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратенички прашања во Собранието