Македонија
1. јуни 2018 - 8:55

Почнува кампањата „Дали имате љубов за давање“

Со пораката „Дали имате љубов за давање“ денеска на плоштадот „Македонија“ Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ ќе ја почнат кампањата чија цел е граѓаните да станат згрижувачи на деца без родителска грижа и да се мобилизира поддршката за решенија за грижа за деца во семејно опкружување на ниво на заедницата, наспроти институционално згрижување.

Како што соопшти Министерството за труд, иницијативата е дел од заложбите на Владата да обезбеди услови за секое дете без родителска грижа во земјата да расте во безбедна и грижлива семејна средина. 

На настанот се најавени обраќања на министерката Мила Царовска и на претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс.