Почнува исплата на јануарските пензии
Oд денеска почнува етапната исплата на јануарските пензии со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата. Денеска ќе се врши исплата на пензии со висина до 11.000 денари, во среда на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари, во четврток на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари, а во петок ќе се исплаќаат пензии во висина над 18.000 денари.
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денеска. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.
До пензионерите се апелира да се придржуваат до распоредот за исплати, бидејќи етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.
Ново на Сител
-

Поскапуваат дизел горивата, цените на бензините не се менуваат
-

Протест на превозниците: Блокиран сообраќајот за камиони на сите гранични премини
-

Груевска Илиевска: Без ред нема судење, сите обвинети имаат право на бранители
-

Утре слаби врнежи од дожд во пониските места, снег на планините
-

Вучиќ: Оваа година одиме на избори
-

Акциска контрола во Скопје: Констатирани 37 сообраќајни прекршоци, одземен е еден мотоцикл
-

Момче починало во кавадаречко Возарци, телото на обдукција
-

Наунов: Го почитуваме значењето на адвокатурата, затоа очекуваме професионалност и почит кон болката и траумата на семејствата
