Почнува електронското аплицирање за запишување во средните училишта
Од денеска во 10 часот до 15 часот на 15 јуни учениците ќе пополнуваат пријави и електронски ќе аплицираат за запишување во средните училишта за учебната 2022/2023 година. Пријавувањето е преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку нивните кориснички сметки на schools.mk.
Прелиминарната ранг-листа на запишани ученици ќе биде објавена на 16 јуни на интернет-страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk и на https://e-uslugi.mon.gov.mk најдоцна до 9 часот.
Доставувањето на потребената документација до училиштата ќе биде на 16 јуни од 12 до 19 часот и на 17 јуни од 7 до 19 часот, според распоред што ќе го подготви секое училиште.

МОН годинава ја воведе новата дигиталната услуга со цел да се оптимизира целиот процес на уписи во средните училишта. Во периодот додека системот за аплицирање биде достапен за учениците, тие ќе може да прават ажурирање, измени и дополнувања на своите пријави и да имаат увид во вкупниот број на поени од успехот, без поените од дипломите. Валидација на дипломите и внесување поени од дипломите вршат комисиите од средните училишта.
– Регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk. Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/ најава. За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, порталот ќе биде отворен по што системот ќе биде затворен за онлајн-аплицирање од ученици, појаснуваат од Министерството за образование и наука.
Доколку до рокот за електронско аплицирање, 15 јуни, учениците сè уште го немаат добиено свидетелството за IX одделение, ќе ги внесат своите оценки евидентирани во е-дневникот. Во полето за свидетелство за IX одделение (во полето за прикачување) ќе прикачат документ/слика (слика од е-дневник) и на тој начин ќе ја завршат апликацијата. Свидетелството од IX-то одделение задолжително ќе го приложат до училиштето при доставувањето на целокупната потребна документација на 16 и 17 јуни.
Министерството за образование и наука на крајот на март го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2022/2023 година, во кој се наведени условите за запишување и критериуми за избор на учениците, потребните документи за запишување, наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците, роковите за пријавување и насоки за спроведување на Конкурсот.
Ново на Сител
-

Д-р Јасмина Ѓорѓиевска: Брзата тријажа и навремената проценка на изгорениците беа клучни во првите часови по трагедијата во Кочани
-

Без вода утре дел од корисниците на улицата Железничка и кај „Неуромедика“
-

Мнозинството Унгарци се против Зеленски: За Украина нема место во ЕУ
-

Грозданов: Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната, Кочани ви благодари
-

Во вторник ќе се реализира уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток
-

Седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, три лица лишени од слобода
-

Вчера лишени од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило
-

Алиу од Кочани: Продолжува реевалуацијата на здравствената состојба на повредните во пожарот во кочански „Пулс“
