Македонија
15. April 2016 - 9:09

Почнува четвртиот „Codefest“ во Охрид

Во Охрид денеска почнува 4. издание на „Codefest“, настан на кој младите информатичари имаат можност да ги развиваат своите идеи.

Манифестацијата ќе трае до недела, а на него најавено е учество на студенти, средношколци, ИТ професионалци и претставници од бизнис заедницата, стартап компаниите и инвестициските фондови. Најавено е и учество на претставници од Словенија, Полска, Бугарија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Манифестацијата ја организира Здружението за развој „Стартап зона“ од Охрид, а најавено е дека ќе ја отвори министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска - Томовска.  

Во рамки на манифестацијата ќе се одржат еднодневна технолошка конференција Codeference, маратонско кодирање од 32 часа Codefest Marathon и изложбено експо за претставници од ИТ бизнис секторот и образовните институции CF X Business Expo.