Почнува бесплатното микрочипирање на милениците
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов денеска во Универзитетска ветеринарна болница при Факултетот за ветеринарна медицина ќе аплицира микрочип на домашен миленик. Со тоа и официјално ќе го означи почетокот на кампањата за бесплатно микрочипирање на домашните миленици - кучиња и мачки.
На настанот ќе присуствуваат и претседателот на Ветеринарната комора на Македонија Томислав Николовски, како и професорот Пламен Тројанчанец од Ветеринарната болница.
Бесплатната идентификација и регистрација на домашните миленици (кучиња и мачки) ќе трае до 31 март идната година, односно додека не се потрошат набавените 100.000 микрочипови, а ќе се спроведува по принципот „прв дојден, прв услужен“.
Како што информира завчера директорот Атанасов кога ја промовираше кампањата, договори за бесплатно микрочипирање се склучени со 135 ветеринарни друштва. Сопствениците на милениците ќе треба да платат само 120 денари за пасош за домашен миленик што ќе можат да го употребат при патување надвор од државата.
Ново на Сител
-
Облачно, магла и повремен дожд
-
Без вода делови од Центар и Карпош
-
Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Илинден без струја
-
Позитивни финансиски резултати на Алкалоид
-
Од моден дизајнер до државен првак во бодибилдинг | Катерина Попева | Sitel Podcast 083
-
Зеленски до Трамп: Само сакам да знам што ќе биде со Украина
-
Kривична против десет припадници на затворска полиција во затвор „Скопје“
-
Јаневска: Јавната расправа за концепцијата за гимназиско образование ќе трае цела година, системот од 1995 година не дава плод