Почнува 23-то издание на ОФФ-Фест 2024
Во Националната опера и балет, Младинскиот културен центар и Кинотеката на Република Северна Македонија од денеска до 9 јуни, со осум концертни настапи и два документарни филма, ќе се одржи 23 - то издание на ОФФ-Фест 2024, најголем и најзначаен фестивал на музиката на светот.
- ОФФ-Фест 2024 ќе го отворат две големи имиња на африканската музика: БОМБИНО, еден од најреномираните претставници на прославениот „пустински блуз“, и јужноафриканските ѕвезди БИ-СИ-ЈУ-СИ, познати по својот афро-психоделичен транс и импресивните настапи во живо. Вкусниот микс од меланезиски, индиски, африкански влијанија и европски фолк со елементи на импровизирана музика на холандскиот секстет БОИ АКИ, во комбинација со оригиналниот и моќен звук на француско-етиописката супер-група КУТУ, ветува беспрекорно фестивалско доживување. ВИСЕНТЕ АМИГО, најголемата ѕвезда на фестивалот, се смета за наследник на легендарниот композитор и фламенко гитарист Пако де Лусија, соопштија организаторите од Установата за уметнички дејности „Скопски џез фестивал“.
Со две Греми награди зад себе, придружуван од музичари од највисока класа, додаваат, тој ќе го претстави своето фасцинантно творештво, коешто му донесе светска слава и придонесе неговото име да се стане референца за фламенко гитарата денес.
Последната вечер на ОФФ-Фест ќе биде во знакот на три извонредни европски состави: фуриозниот полски гудачки квинтет ВОЛОСИ со својот оригинален микс во кој се вкрстуваат влијанијата на рок, џез, етно, амбиент и филмската музика, потоа домашните нео-фолк миленици во подем КАЛАТА, како и познатиот српски модерен етно колектив НЕЈКИД.
Во рамки на предфестивалската „програма плус“ ќе бидат премиерно прикажани и документарните филмови „Сезарија Евора” и „Агадез, музиката и отпорот“.
Ново на Сител
-
Над 100 загинати во Газа за 24 часа, комуникациите во целосен прекин
-
Државен секретар на САД упати честитки до Русите по повод нивниот национален празник
-
Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел
-
Пронајдени 204 тела од уривањето на авионот на Ер Индија
-
Иран, по резолуцијата на МААЕ, најави изградба на нова постројка за збогатување на ураниум
-
Најмалку едно лице ја преживеа авионската несреќа во Индија
-
Телефонската линија 192 за пријавување во полиција е во прекин поради технички проблем, во функција е бројот 112
-
Усвоени неколку закони на 53. седница на Собранието