Почнува 14. Меѓународна ликовна колонија „Скопје”
Во организација на Музеј на Град Скопје, под финансиско покровителство на Град Скопје, денеска во главниот град ќе започне 14-та Меѓународна ликовна колонија „Скопје”.
На овогодишното издание ќе учествуваат 10 ликовни уметници од кои, според вообичаената селекција, пет се домашни автори и пет се од странство. Како што информираат од Музејот на Град Скопје, годинава ќе бидат домаќини на уметници, секој од нив оригинален и посебен според сликарската техника и стилската определба. Од доашните автори ќе учествуваат: Маја Рауник Кирков, Маја Стефановска, Трајче Чатмов, Христијан Санев и Филип Фидановски, а од странство гостуваат уметниците Скендер Бедриу од Косово, Ипек Денизли од Северен Кипар, Мариана Абрамова од Украина, Зузана Ардо од Велика Британија и Кацпер Дудек од Полска.
Уметниците ќе ги создаваат своите дела во прекрасниот и инспиративен амбиент на хотел Арка, сместен во срцето на Старата скопска чаршија, кој исто така е еден од организаторите на манифестацијата.
Ликовната колонија ќе биде официјално затворање со презентација на создадените ликовни дела на 29 август во 20:30 часот во хотел Арка.
Делата создадени од оваа Колонија ќе бидат изложени во рамките на манифестацијата на Град Скопје за одбележување на Денот на ослободување на Скопје – 13 Ноември.
Ново на Сител
-
ССМ на протест за 1 Мај
-
Традиционален пикник за 1 Мај
-
Продолжува предизборната кампања
-
Македонија го чека Палевски
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија