Почнува 10.театарски фестивал „Лица без маски“

Под мотото „Остави трага“ вечер почнува 10. јубилејно издание на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“ во организација на независната продукција „Театар 007“ и Конгресениот центар „Александар Македонски“.
Селекторот на фестивалот Игор Ивковиќ истакна дека на годинaшниот ИТФ „Лица без маски“ ќе бидат одиграни седум претстави кои, како што рече, критички кореспондираат со суровата реалност во која живее современиот човек насекаде во светот.
- Почнуваме со една жестока политичка сатира на независниот театар од Косово „Ќендра Мултимедија“ со претставата „Неколку актери и неколку свињи и крави и премиер и милка чоколада крава и неколку локални меѓународни инспектори“, која се занимава со прашањето за европската администрација, бирократизација за излегувањето на Велика Британија од европското семејство и како таа празнина да се пополни со евантуалниот влез на Косово во големото европско семејство, информира Ивковиќ.
Според него, „Лице без маски“ како фестивал и концепција можеби индиректно ги поттикнува и македонските театарски уметници да творат независно. Последната година, како што рече, е видлив развојот на Македонската независна продукција, особено преку претставите кои и годинава ги селектиравме во нашата програма.
Директорот на фестивалот Миодраг Костиќ информира дека годинава добиле околу 80 апликации од кои селектирани се седум претстави, кои ќе се изведуваат на повеќе сцени. Отворањето е на сцената на Драмскиот театар, а ќе се користат и сцените на Театар комедија, Домот на АРМ и малата сцена при Конгресениот центар „Алексанар Македонски“. Претставите ќе се изведуваат од 20 часот додека во деновите кога има по две, вторите ќе се играат во 22 часот. Оваа година фестивалот ќе го отвори Снежана Конеска-Руси, а ќе бидат доделени и три награди - за најдобра претстава Гран-при, за режија и најдобра актерска игра.
Во септември годинава, според организаторите, ќе биде издадена монографија во која ќе бидат прикажани сите учесници и освоени награди на фестивалот во рамки на кој биле изведени од 80 до 100 претстави со над 2.000 учесници.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода скопјанец баран со потерница за затворска казна од една и пол година
-

Пороен дожд и грмежи северозападно од Скопје, нестабилно и во Полог и Овче Поле
-

ЦУК: Регистрирани пет пожари на отворен простор, еден сѐ уште активен
-

Сиљановска-Давкова и Бројер: Македонија е кредибилен сојузник во НАТО, има простор за продлабочување на билатералната соработка
-

Мортус пијан тетовец со 2,49 промили алкохол сакал да ограби казино со нож
-

Мисајловски: Ги цениме германската поддршка и партнерство во развојот на нашата Армија
-

ЦУК: Активен пожар во кичевското село Србица, пожарот во селото Бајково во општина Ново Село под контрола
-

Платил 28.700 евра на лажен службеник за враќање на запленето злато, останал и без пари и без злато
