Почнаа со работа обвинителите и судиите-Срби во северот на Косово
Косовскиот претседател,Хашим Тачи,информираше дека почнале со работа обвинителте судите од српска нацоналност во севернот дел на Косово кои со указ ги наименува тој.
- Денеска официјално почнаа со работа обвинителите и судиите на Република Косово од немнозинската заедница во северниот дел на земјата. Со афирмативните активности ние обезбедивме судовите и обвинитествата да го збогатат етничкиот состав. Со интеграцијата на судиите и обвинителите од немнозинската заедница во судскиот и системот на обвинители на Република Косово,ние заокруживме една многу значајна етапа за нашата земја-присуство на правосудните органи на целата територија и за сите граѓани на Косово, напиша Тачи на својот профил на фејсбук.
Заклетва пред Тачи тие положија на 24 октомври, заедно со 11 судии и обвинители од од другите немнозински етнички заедници или вкупно 53. Тоа врз основа на договорот од Брисел постигнат во дијалогот помеѓу Белград и Приштина на 10 февруари 2015 година.
Тогаш Тачи изјави дека овој чин е една од афирмативните мерки,кои косовските институции ги превземаат за да се постигне целосна рамноправност на припадниците на заедниците.
-Косово е изградено врз уставните принципи, сеопфатност, рамноправност и слобода на секого. Косово презеде адекватни мерки за да промовира целосна и ефикасна рамноправност меѓу прпадницте на заедниците во сите области од животот, економијата, општеството, политиката и културата, посочи Тачи.
Според него, одредувањето судии и обвинителите од немнозинските заедници ја отсликува мултиетничката природа на Косово.
Ново на Сител
-
Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно
-
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа
-
Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес
-
Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената