Почнаа преговорите меѓу УПОЗ и Министерството за правда

Синдикатот на УПОЗ и Здружението за судска администрација денеска остварија средба со претставници од Министерството за правда на која беа разгледани барањата на синдикатот изнесени на предупредувачкиот штрајк којшто се одржа на 3 декември.
Синдикатот побарал да се утврдат рокови и динамика до кога најдоцна би се завршила постапката за измена на Законот за судска служба. Побарале до 24 декември да бидат формирани работни групи и да се одржи состанок со Министерството за информатичко општество и администрација бидејќи се работи за законски одредби кои ги опфаќаат и административните службеници. Од Синдикатот инститирале целокупната постапка да биде завршена до крајот до крајот на годината бидејќи во спротивно штрајкот ќе продолжи до исполнување на барањата.
Од страна на Министерството за правда и Судскиот совет, како што информира УПОЗ, начелно биле прифатени забелешките и била искажана подготвеност за дијалог, но не е постигната согласност за роковите.
На преговорите е покренато и прашањето за зголемување на додатоците на плата предвидени со измените на Законот за плати на судиите и се инсистирало тој да важи и за судските службеници. Истовремено судските службеници го побарале и зголемувањето на платите од пет проценти.
Ново на Сител
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
