Почнаа подготовките за пошумување на опожарените површини во Кочанско
Вработените во подружницата „Осогово“ на ЈП „Национални шуми“ во Кочани ги почнаа подготовките за пошумување на оголените површини на падините на Осоговските планини што настрадаа во минатогодишните пожари.
Со механизација и работна рака се отстрануваат оштетените стебла и се расчистува теренот од остатоците од огнената стихија, по што ќе следуваат земјени подготовки за реализација на планираното пошумување.
– Според планот за пошумување за минатата година требаше да се обнови површина од 12 хектари, но поради недоволната влажност на почвата тоа беше одложено. Преземената обврска ја пренесовме за оваа година и целосно ќе ја исполниме. Веќе се прави санитарна сеча и чистење, а нашата цел е за краток период да оспособиме еден дел од теренот што во текот на рана пролет ќе можеме да го пошумиме. Освен во пролетната сезона, пошумувањето ќе продолжи и кон крајот на годината, односно во текот на есента. Покрај обновувањето на изгорената шума, ќе подигнеме и нови шумски насади на околу 15 хектари во месноста Зелен Град, во атарот на општина Пробиштип, истакна Благој Диванисов, раководител на шумската подружница „Осогово“.
Од шумската подружница информираа дека поради специфичниот терен и големата површина што беше зафатена со пожарите, санирањето на штетите не е можно да се направи за една година.
Во големиот шумски пожар што избувна во почетокот на август минатата година, кај градската депонија во близина на кочанското село Бели изгореа околу 150 хектари повеќедецениска борова и друга шума, а оштетени беа и поголем број пчелни сандаци.
Ново на Сител
-
Изјавата на Кешишев нема да го смени обвинението - има цврсти докази дека Палчо ги убил Вања и Панче
-
Мицкоски задоволен од договорот со банките-компаниите добиваат историски најниска каматна стапка
-
Нова детска градинка во Кисела Вода
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки
-
Тема на денот со Татјана Стојановска, активист во иницијативата О2
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина