Почна жетвата на оризот во Кочанско
Во атарот на Облешевско поле на површините насеани со турски сорти ориз, денеска почна жетвата на оризовата култура. Првите снопови оризов клас се ожнеани на површините на Коце Ангелов, индивидуален земјоделски производител од село Облешево.
- Денеска со зажнејување на површините под ориз со срп и официјално ја почнавме жетвената акција за собирање на родот од ориз од годинашната реколта. Површините што беа насеани со турските сорти: харибеј, мембо и опале и кои имаат најкратка вегетација дадоа добар род. Јас сум зедоволен од првичните приноси по единица површина, што надминуваат и над 550 килограми од декар, ни изјави Коце Ангелов, земјоделец од Облешево, кочанско.
Жетвата на оризот во Кочанскиот производен регион се очекува да се интензивира деновиве, бидејки на одредени површини оризот е веќе стасан за жетва. Од насеаните 2.500 хектари под ориз во регионот се очекува род од 12.000 до 14.000 тони арпа.
Ново на Сител
-
Мачките благотворни за човековото здравје
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
ДКСК: 86 казни за актуелни и поранешни министри, пратеници и именувани лица
-
Филипче: Владата да каже за што се потрошени парите од унгарскиот кредит
-
Делегација од Кисела Вода предводена од градоначалникот Ѓорѓиевски положи цвеќе на гробот на Борис Трајковски
-
Мицкоски: Точно се определени начините како можат да се трошат средствата обезбедени преку кредитната линија од Унгарија
-
Има закон и ќе одговараат пред него, им порача Мицкоски на супер маркетите кои картелски се здружуваат
-
Дожд и повремен снег во наредните денови