Ракомет
18. December 2017 - 19:42

Почна „загревањето“ за ЕП во Хрватска

Од денеска стартува планот на подготовки на нашите најдобри ракометари за ЕП во Хрватска. 

На тренингот се појавија само 4-ца ракометари поради обврските на останатите репрезентативци. 
Како што изјави директорот на репрезентацијата Милчо Чакаревски програмата на селекторот Раул Гонзалез предвидува ракометарите да имаат само 2-3 дена слободни и да се приклучуваат еден по еден на подготовките кои официјално ќе стартуваат на 25. декември. 
Малата група ја предводеше искусниот Стојанче Стоилов:„Групата е многу незгодна, многу тешка со Германија, Словенија и Црна Гора како ривали во првата фаза. Имаше реакции дека групата е меѓу полесните, но не е така. Европските првенства се посилни од ракометните Мундијали, а се надевам дека ќе го минеме првиот круг. Потоа следи вистинска борба. Ќе видиме. Имаме и сили и квалитет да играме со сите три ривали. Важно е да се подготвиме добро и без притисок да заминеме за Хрватска. Добро е што имаме континуитет со настапи на европски и светски првенства, но сега екипата е помлада. Се сменија доста ракометари, но верувам дека се ќе биде в ред“,