Почна втората фаза од реконструкцијата на влезот и излезот на Штип
Општина Штип и ЈП за државни патишта од денеска продолжуваат со втората фаза од проектот за уредување на влезот во Штип кај Кампус 4, иноформира портаролот на Општина Штип, Драган Ристов.
- По асфалтирањето на кружниот тек на влезот во Штип во населбата Железничка, во тек се градежни зафати за асфалтирање на сообраќајницата која води до подвозникот кај Кампус 4. Се поставува нов слој на асфалт, а истовремено патот се проширува онолку колку што условите го овозможуваат тоа. Со тоа влезот на Штип при доаѓање од Скопје или Велес ќе биде среден, а сообраќајницата комплетно обновена до јазолот каде се раздвојува патот за Скопје и кон приградската населба Три Чешми, вели Ристов.
Тој додава дека се очекува до крајот на оваа работна недела да биде асфалтирана сообраќајница, која е влез и излез на градот Штип. Проектот е вреден околу 9 милиони денари или повеќе од 145.000 евра.
Во трета фаза предвидена е реконструкција на тротоари за што општината има предвидено буџет од над 50.000 евра. Со изградбата на новите тротоари ќе се реши проблемот со безбедноста на студентите кои наставата ја следат на факултетите во Кампус 4 на универзитетот „Гоце Делчев“.
Ново на Сител
-
СДСМ: Загрижува омразата на Мицкоски
-
Зеленски: САД пренасочија 20.000 ракети ветени за Украина кон Блискиот Исток
-
Фицо: Словачка ќе го блокира секој обид за воведување санкции од ЕУ кон Русија
-
Им подавам рака на младите, Македонија има потреба од нивниот ум за да стане подобра држава, порача Мицкоски
-
Литванскиот претседател со критики за германскиот канцелар за неактивност кон Русија
-
Американски медиуми: Припадници на гардата почнаа да пристигнуваат во Лос Анџелес
-
Министерот Муцунски утре во работна посета на Казхстан
-
Првата македонска фудбалска лига се намалува на 10 екипи