Почна втората фаза од проширувањето на „Трета Македонска бригада“
Град Скопје денеска официјално го означи почетокот на градежните работи за проширување и реконструкција на улицата „Трета Македонска бригада“, втора фаза на потегот од крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“ до улицата „Никола Карев“ во вкупна должина од 1.400 метри.
Со проширувањето се предвидува улицата да добие четири сообраќајни ленти, зелен појас од 1,5 метри, велосипедска патека покриена со асфалт широка два метра и тротоар од бекатон плочки широк 3 метри. Ќе се изгради и средишна разделена жардиниера од пет метри. За проширувањето Град Скопје ќе одвои 76 милиони денари, а за дислокација на инсталациите на ЕВН ќе бидат потрошени 18 милиони денари, како и 4,4 милиони денари за останатите инсталации.
- Минатиот месец имав прилика да присуствувам на почетокот на градежните работи на новиот кружен тек во Гази Баба со кој ќе се реши долгогодишен сообраќаен проблем во тој дел од градот, а денеска сме заедно да го одбележиме почетокот на уште еден значаен проект во делот на сообраќајот во Скопје, овојпат за жителите на Кисела Вода, Аеродром, Лисиче и Центар. Станува збор за втората фаза од реконструкцијата и проширувањето на улицата „Трета Македонска бригада“, рече премиерот Никола Груевски кој присуствуваше на означувањето на почетокот на градежните работи.
Тој потсети дека минатата година заврши првата фаза од реконструкцијата на оваа улица и додаде дека жителите веќе цела година можат да направат разлика меѓу новиот и стариот дел од улицата.
- Со реализацијата на втората фаза Скопје конечно ќе добие нов булевар со кој ќе се пробие уште едно тесно грло во овој дел од градот. Комплетирањето на булеварот ќе придонесе за поголема проточност на возила и растоварување на сообраќајот. Сето тоа ќе ги намали гужвите, нервозите и времето потребно да се стигне до работа или до дома, нагласи Груевски.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски истакна дека новопроширената и реконструирана делница ќе се покрие со асфалтен слој на вкупна површина од 25 илјади метри квадратни. Покрај тоа ќе се постави нова атмосферска канализација од 2.476 метри, ново осветлување со 81 столб за улично осветлување. Додаде дека до оваа фаза улицата беше проширена на потегот од булеварот „Србија“ до улицата „Фрањо Клуз“ од 1.243 метри за што градот потроши 147,2 милиони денари.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место