Македонија
25. September 2020 - 19:45

Почна судскиот процес против Јово Вангеловски

Обвнинетиот поранешен прв човек на Врховниот суд и поранешен судија Јово Вангеловски неподготвен седна на обвнителна клупа за злоупотреба на службена положба. Немал време да подготви одбрана, па на негово барање се одложи првото рочиште.

Според обвинението Вангеловски на својата поранешна колешка, судијката Лидија Неделкова не и исплатил надоместок на плата во износ од 32.000 денари.

На излегување од судот, не одговори дали со намера и го скратил додатокот на оштетената, кој законски и следувал.

Рочиштето е закажано за 29 октомври. Инаку ова е прво судење за Вангеловски за злоупотреба.

Од друга страна пак, во место тапка пред истрагата во врска со старите предмети најдени во неговиот поранешен кабинет во Врховен.  

Инаку во септември лани Судскиот совет го разреши од функцијата поради несовесно и нестручно работење. 

Функцијата прв човек на највисокиот суд , ја наследи токку од сега оштететена судијка Недлекова. Додека беа колеги растеше нетрпеливоста меѓу нив. Таа заработи и кривична од него, а не се согласуваа ниту за тоа која институција треба  да одлучува по притворот за тогаш осомничениот бизнисмен Сеад Кочан.