Почна судењето на убијците на рускиот политичар Борис Немцов
Во Воен суд во Москва денеска почна судењето на петмината обвинети за убиството на рускиот политичар Борис Немцов.
Поранешниот прв заменик премиер на Русија, подоцна остар критичар на политиката на претседателот Владимир Путин, беше убиен минатата година во центарот на Москва, во близина на Кремљ.
Сите обвинети се Чечечнци, осомничени дека добиле пари за да го извршат убиството на познатиот политичар.
Петмината обвинети ги отфрлаат обвинувањата.
Се стравува дека оние кои го нарачале и го платиле убиството на Немцов, можеби никогаш нема да бидат пронајдени.
Адвокатите на семејството Немцов, изјавија за западни медиуми дека истрагата за убството не била ниту објективна, а ниту коректна.
Адвокатите најмногу и забележуваат на истрагата затоа што не биле земени предвид видео доказите за убиството, иако тоа се случи во непосредна близина на најпозната локација во Русија.
Борис Немцов имаше 55 години кога беше убиен со два истрела во грбот, додека се движеше пеш на стотина метри од Кремљ.
Тој беше заменик премиер во времето кога претседател на Русија бепе сега покојниот Борис Елцин.
Немцов беше креатор на руската транзиција по падот на комунизмот, која предизвика економски и политички хаос во земјата и големо незадоволство кај луѓето.
„Хаотичната“ транзиција само им овозможи на еден круг луѓе да станат олигарси и најбогати во земјата, под сомнителни и се верува целосно незаконски услови, па Немцов никогаш не беше популарен кај обичните руски граѓани.
Ново на Сител
-
ИЈЗ: Годинава има најмногу болни од грип – наредниот период се очекува намалување на активноста на вирусот
-
Тутунарите незадоволни од понудените цени за новата реколта, бараат 510, добија само 420 денари
-
Стармер кај Трамп на разговори за војната во Украина
-
Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
Пратенички прашања во Собранието
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит
-
Започнаа карневалските денови во Струмица
-
Недостигаат археолози и кустоси