Почна собраниската седница за избор на новите министри и заменици од ДУИ
Собранието на Република Македонија попладенво ја почна 100. седница на која треба да бидат избрани новите министри и заменици министри предложени од ДУИ.
Претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев пред пратениците образложи дека станува збор за ресори кои се испразнија по оставките на министрите кои доаѓаат од ДУИ и беа констатирани од страна на Собранието на Република Македонија на вчерашната седница.
- Имајќи предвид дека се работи за Влада за спроведување на изборите која е договорена меѓу политичките партии со Договорот јуни/јули во Скопје која има ограничен мандат и специфики и имајќи го предвид краткиот рок до распуштањето на Собранието заради одржување на изборите на 5 јуни, сметам дека е коректно и целисходно да се прифати Предлогот за избор на нови членови на Владата. Очекувам овие лица доколку бидат избрани да пристапат кон работата со максимална посветеност, почитување на Уставот и законите и да покажат однесување кое е совесно, одговорно и во интерес на сите граѓани на Република Македонија, рече Димитриев.
Според предлогот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, нов заменик-претседател на Владата задложен за европски прашања ќе биде Арбр Адеми, Фестим Халили - заменик претседател на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Валдет Џафери - министер за правда, Пиштар Лутфиу - министер за образование и наука, Дритон Кучи - министер за економија, Башким Амети - министер за животна средина и просторно планирање, Ширет Елези - министер за локална самоуправа.
Агим Нухиу треба да дојде на местото заменик министер за внатрешни работи, Фатон Положани за заменик министер за транспорт и врски и Гзим Беадини за заменик министер за финансии.
Предложените кандидати доаѓаат на местата на досегашните министри Муса Џафери, Фатмир Бесими, Беким Незири, Абдилаќим Адеми, Нурхан Изаири, Аднан Јашари и Лирим Шабани, како и замениците Ардиан Џеладини, Неметула Халими, Земри Ќамили и Илми Селами, кои поднесоа неотповикливи оставки во петокот, откако ден претходно таква одлука донесе партиското раководство на ДУИ. Оставките им ги костатираше Собранието вчера на почетокот на 98. седница.
Ново на Сител
-
Анкета: Само 13 oтсто од Украинците ги сметаат САД за пријателска земја
-
Муцунски: Нашата надворешна политика се базира на усогласеност со политиката на ЕУ и стратешкото партнерство со САД
-
Почна склучувањето договори за новата реколта тутун со нови цени
-
Сиљановска Давкова: Еднаквост и недискриминација, секој е еднаков пред законот
-
Сијарто: Унгарија и Северна Македонија го поддржуваат мирот во Украина што може да се постигне само со американско-руски договор
-
Македонија и Унгарија потпишаа акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници
-
Кривична против двајца прилепчани за дрвокрадство
-
Кривична за директорка на училиште, самата се назначувала за ментор на приправници и се стекнала со 303.360 денари