Почна собирање помош за дванаесетчленото семејство од Русиново

Исленици од Швајцарија и Германија први се вклучија во акцијата за собирање помош, откако вчера рано утрото им изгоре куќата на 12-членото семејство Мирчовски од село Русиново. Меѓу првите кој се понуди за помош е Ване Воденски, татко на познатиот кик-боксер Кристијан Воденски, кои повеќе од 30 години живеат во Германија.
Хуманитарните организации веќе се организираат за помош на малолетните четири дечиња кои синоќа заедно со родителите ноќта ја поминаа кај роднини и соседи.
Градежна механизација составена од вработени во јавното претпријатие „Услуга“ од Берово активно се вклучија во акцијата за расчистување на остатоците од куќата што целосно изгоре во пожарот, а расчистувањето, како што соопштија, ќе продолжи и денеска.
Беровчани од денеска, своите донации можат да ги достават и во донаторски кутии во „Пакет Маркет“ во Берово, што вчера донираа прехранбени продукти и алишта за несреќното семејство. Сите останати кои имаат желба да помогнат тоа можат да го сторат на трансакциска сметка на име Александар Мирчовски со број на сметка 200002693474846. Акцијата за помош на дванаесетчленото семејството продолжува и понатаму.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
