Почна со работа пазарот во Маврово

Започна со работа пазарот во Маврово што заедно со поголемиот во Ростуше се дел од проектот „Промоција на еко производи во прекуграничната област“ финансиран од Европската унија како дел од ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија.
Според градоначалникот на Маврово-Ростуше, Мукрем Мехмеди на овој начин им се овозможува на жителите, освен на организиран начин да ги нудат своите еко производи на туристите, и да имаат место каде ќе се снабдуваат со потребните производи наместо како досега да одат во другите градови како Дебар, Гостивар и слично.
- Отворањето на пазар беше барање од порано на жителите на Маврово. И ако прошетаме по други туристички центри како Копаоник или Банско секаде постојат локални пазари на коишто жителите можат да ги претстават своите производи, а со тоа да остварат приходи, изјави Мехмеди.
Денеска на пазарот во Маврово туристите и посетителите можеа да пробаат и да купат сирење и млечни производи, мед, костени и други шумски плодови, печурки и лековити автохтони видови растенија за чаеви, специјалитети и домашни изработки што како природен ресурс го има Мавровско-реканскиот крај, односно Националниот парк Маврово како заштитено подрачје.
Жителите на регионот очекуваат дека на овој организиран начин нивните квалитетни производи со природно, еколошки здраво потекло ќе добијат поширок пласман меѓу домашните и странските гости.
- Сакаме да го промовираме Маврово со нашите производи што ги произведуваме дома. Тоа е нашиот мавровски качамак, имаме и компот од праски и од дренки, домашни јаболка што воопшто не се прскани, изјави Нина Спасеска од Маврово.
Ибраим Османи од селото Дуф посочи дека сеемен бизнис им е сточарството. - Имаме околу 1.000 овци и претходно произведеното сирење сум го трошел по синдикатите. Ова е туристичко место, има народ и мислам дека пазарот ќе работи, истакна Османи.
Ново на Сител
-

МВР со детали: Загинатото момче со мотор во Радишани е на 19-годишна возраст
-

Тешко повреден 19-годишник откако татко му го турнал по скали
-

Ограбен скопјанец кој побарал помош при вадење на пари од банкомат
-

Тетовец ја нападнал сопругата и ја избркал од дома заедно со трите малолетни деца
-

21-годишно момче со мотор загина во тешка сообраќајка кај Радишани
-

27 пакувања со марихуана пронајдени кај затвореник во Идризово
-

Момче паднало од тобоган и скршило вратен пршлен во Турција, со владиниот авион ќе биде вратено во Македонија
-

Тетовец продал камион за 11.000 евра на рати – останал и без камионот и без парите
