Македонија
30. July 2015 - 17:29

Почна реконструкцијата на улицата "Горно Лисиче"

Се реконструира улицата Горно Лисиче во должина од километар и 700 метри. Со машините на државни патишта ќе се обнови асфалтот, ќе се нивелираат шахтите и санираат прекопите. Реконструкцијата ќе опфати и обновување на тротоарите долж улицата.

Ивица Коневски град. На О Аеродром „Станува збор за проект кој опфаќа обнова на коловозната конструкција на улицата „Горно Лисиче“ на потегот од „12 Македонска бригада“ до црквата „Св. Петар и Павле“.Вкупната должина на реконструкцијата што ќе ја опфати улицата „Горно Лисиче“ е околу 1,7 километри. Вкупната инвестиција за оваа улица изнесува околу 14 милиони денари.“

Од минатиот  месец во оваа населба почна и обновата на коловозот на улицата Тодор Чангов до Ернест Телман во должина од еден ипол километар. До крајот на летото општината најавува значително подобрување на условите во сообраќајот во Горно Лисиче.