-->
-->
Почна реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Капчев“
-->

Почна реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Капчев“ во населбата Горно Лисиче, која ќе ја опфати водоводната мрежа и асфалтирање на улицата. Почетокот на градежните работи ги означија градоначалниците на Град Скопје Коце Трајановски и Општина Аеродром Ивица Коневски.
Улицата „Ѓорѓи Капчев“ ќе се реконструира на потегот од улицата Горно Лисиче, до црквата „Свети Ѓорѓија“ во должина од еден и пол километар и широчина од 6 метри на површина од 9.000 метри квадратни.
Со реконструкцијата на оваа улица надлежните очекуваат значително да се подобрат условите за живот, но и безбедноста во Горно Лисиче.
Реконструкцијата на водоводната мрежа ќе ја изведува јавното претпријатие „Водовод и канализација“, додека асфалтирањето целосно ќе се покрие од Буџетот на Општина Аеродром, за што се обезбедени средства во висина од 15 милиони денари.
Со градежниот зафат за реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Ѓорѓи Капчев“ и на нејзините четири краци ќе се опфати водоводна мрежа во должина од 1.900 метри. Притоа, ќе се постават полиетиленски цевки со профил од 160, 110 и од 90 милиметри. Овој проект значително ќе го подобри водоснабдувањето во населеното место Горно Лисиче, а директна корист од новата водоводна мрежа ќе имаат 630 жители. За реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Ѓорѓи Капчев“ и на нејзините краци ЈП „Водовод и канализација“ ќе вложи околу 21 милион денари. Реконструкцијата на водоводната мрежа се очекува да заврши до крајот на мај, по што ќе следи асфалтирање на улицата.
Во текот на оваа година се планираат и други инфраструктурни проекти во оваа населба, како што се реконструкција на три моста на Усјанскиот канал, нови пешачки патеки на булеварот „Февруарски поход“, поставување хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на улиците „Тодор Чангов“ и „Горно Лисиче“, кои беа неодамна комплетно реконструирани, потоа поставување клупи, канти за отпадоци и заштитни огради, како и осветлување на паркот во изградба покрај кејот на Вардар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп по новите напади: Седнете и опуштете се, Иран сака да постигне договор
-

Македонската фудбалска репрезентација гостува кај Турција
-

ГРК Охрид го освои ЕХФ Европскиот куп
-

Македонските КикБоксери со 66 медали и шест признанија за најуспешни натпреварувачи на ВАКО КикБокс Балканското првенство
-

Цената на суровата нафта Брент се зголеми до 93,01 долари за барел
-

Сиљановска-Давкова: Парламентарната дипломатија е моќен демократски и мировен инструмент
-

Кошта од денеска во посета на Западен Балкан за да се сретне со регионалните лидери и да биде копретседавач на самитот ЕУ - Западен Балкан
-

МАНУ одбележува 80 години од раѓањето на академик Глигор Јовановски
