Македонија
23. October 2018 - 15:21

Почна реконструкцијата на патот меѓу светниколските села Пеширово-Ерџелија

Почна реконструкцијата на локалниот пат меѓу светиниколските села Пеширово – Ерџелија, во должина од еден километар, од клучката на патот Свети Николе – железничка станица Овче Поле, до надвозникот на автопатот Миладиновци – Штип.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски информира дека овој проект е реализиран, како соработка на Општина Свети Николе, со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, а е финансиран од Бирото за регионален развој. Инвестиционата вредност на проектот е  околу четири  милиони денари.

Тој посочи дека градежните активности се почнати вчера, а како што се одвива динамиката на изградбата, изведувачот на работите предвидува предавање во употреба на оваа делница, пред предвидениот рок, со што на жителите од селата Ерџелија и Мустафино и другите,  кои го користат овој патен правец во многу ќе им биде олеснета комуникацијата кон Свети Николе.