Почна постапката за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди
Градот Скопје соопшти дека како една од мерките против загадувањето на воздухот, денеска го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за купување инвертери и други современи уреди за затоплување.
Со јавниот повик, како што се посочува, се опфаќаат сите инвертер клима уреди кои се купени од 1 јануари и ќе трае заклучно со 30 ноември или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.
Субвенционирањето на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за набавка на посовремени уреди за затоплување за 2019 година ќе се финансира од Буџетот на Град Скопје за 2019 година. Висината на субвенцијата ќе биде во износ од 50 отсто од вредноста на уредот, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход, додека јавниот повик ќе се реализира согласно со принципот „прв дојден прв услужен“, наведуваат од Град Скопје.
Истакнуваат дека на јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење без оглед на тоа дали го користат, кои имаат можност за приклучување на системот за централно греење, како и жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.
Целосниот јавен повик со условите и критериумите за аплицирање граѓаните можат да го видат на интернет врската www.skopje.gov.mk/Uploads/JavenPovik/Јавен повик за инвертори.pdf
Образецот – барање за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за набавка на инвертер клима уред за 2019 година граѓаните можат да го симнат од линкот.
Барањето за издавање потврда за подмирени обврски по основ на данок граѓаните можат да го преземат од http://www.skopje.gov.mk/
Ново на Сител
-
Уапсен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
31 лице и 5 фирми ќе одговараат за криминали во ЕСМ
-
ФФМ призна дека ФК Силекс е елиминиран од судиите
-
ИЈЗ: Годинава има најмногу болни од грип – наредниот период се очекува намалување на активноста на вирусот
-
Тутунарите незадоволни од понудените цени за новата реколта, бараат 510, добија само 420 денари
-
Стармер кај Трамп на разговори за војната во Украина
-
Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
Пратенички прашања во Собранието