Почна постапката за изградба на врмена депонија во општина Гевгелија
Општина Гевгелија денеска ја почна постапката за изградба на времена депонија за неопасен отпад кај селото Ново Конско со ставањето на јавен увид и консултација со јавноста на нацрт извештајот за стратегиската оценка и нејзиното влијание врз животната средина.
- На граѓаните со оваа постапка им е овозможено да имаат целосен увид во комплетната документација и влијанието на објектот кој ќе биде граден и уреден по светски стандарди кои гарантираат обезбедување целосна заштита на животната средина, велат од општината.
Проектот предвидува санитарната депонија за неопасен цврст отпад да се простира на површина од 2 хектара, оддалечена 7 километри од Гевгелија и 1,3 километри од најблиското населено место Ново Конско.
Депонијата ќе се гради со јапонски грант преку УНДП програмата за помош на општините кои беа зафатени со бегалската криза и ќе обезбеди целосна дистрибуција и депонирање на комуналниот отпад на најсовремен начин.
Ново на Сител
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“
-
Убиство како на филм во Батинци: Напаѓачите избегале со маски, дигнат е хеликоптер
-
Филипче нов лидер на СДСМ покрај бројни сомнежи за изборни злоупотреби
-
Мицкоски: Преспа е завршена работа - со Бугарија пак ќе преговараме
-
Муртезани: Уставните измени ќе се случат, алтернатива нема да има