-->
-->
Почна поценката на штетите во Струмичко, најпогодени пиперот и житата
-->
Градинарските култури, посебно пиперот, како и посевите со пченица, се најоштетени од вчерашното невреме што го зафати струмичкиот регион.
Ова го покажува првичната проценка на терен што се изврши денеска во присуство на министерот за земјоделство Љупчо Николовски.
Поројниот дожд и град предизвикале и материјална штета на објекти и приватен имот. Зафатени биле повеќе населени места во општина Струмица и во општина Босилово.
- Првична проценка на штетите по вчерашното невреме во Муртино ќе се изврши денеска. Ќе се утврдува колкави површини, кои култури и кои региони се зафатени за да се делува соодветно, согласно предвидените постапки. Потоа, комисиите формирани во рамки на општините, ќе ги направат сите соодветни проценки за да се запази натамошната постапка, до владината комисија за обесшетување која ги работи овие предмети, изјави Николовски пред проценката.
Целта на неговата посета, како што рече, е веднаш да се излезе на терен и да се направат првичните согледувања заедно со земјоделците и сите засегнати страни.
Комисиите за проценка на штети од општините Струмица и Босилово од утре ќе почнат со проценка на штетите на терен, по што ќе следува постапка за обештетување.
МЗШВ е во постојан контакт и со општина Могила, каде вчерашното невреме предизвика исто така штети врз земјоделските култури, особено врз тутунот.
Општината формираше Комисија која денеска почна со увид и проценка на штетите. Во општина Могила невремето предизвика најголеми штети во селата Вашарејца, Долно Српци, Бернаци и Ивањевци.
Николовски беше во Муртино заедно со претставници на Општина Струмица и вработени во Подрачната единица на Министерството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пијан кривопаланчанец три пати со нож избол 22-годишна девојка во вратот
-
Пронајдена и третата жртва во несреќата во рудникот Велење
-
Бислимовски: Треба да им се помогне на комуналните претпријатија, но и тие треба да ги оптимизираат трошоците
-
Трамп го повика Путин да запре со „бесмислената војна“ во Украина
-
Милановиќ: Хрватска не може да ја заврши војната во Украина, но може да се оддалечи од неа
-
Лазаров: Против Катар повторно да бидеме на високо ниво
-
Тошковски: Со нова донирана опрема МВР ќе ја подобри истрагата на местото на настанот
-
Најмалку 10 мртви во снежна бура на југоистокот на САД