Почна општиот претрес за Законот за јазиците

Во Собранието на Република Македонија почна општиот претрес по Предлог законот за употреба на јазиците, во прво читање.
По едночасовната пауза на продолжението на седницата на барање од ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Собранието Талат Џафери соопшти дека го поништува претходно објавениот список за говорници и побара ново пријавување за збор.
Претходно, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски апелира до сите во Собранието, како што рече, да не преземаат какви било потези кои би можеле да бидат насочени кон каква било провокација, со оглед на сензитивноста на темата.
Џафери рече дека се придружува кон повикот да се има чувство за се со оглед на сензитивноста на темата и побара дебатата во Собранието да не се претводи во предизборна кампања.
Првиот говорник во општата расправа, пратеникот и координатор од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, рече дека Предлог законот во 90 проценти е неуставен и изгледува надвор од Охридскиот рамковен договор.
- Овој закон се носи во очи на локални избори како политичко барање и политичка уцена од страна на ДУИ над СДСМ со цел ДУИ како политичка партија да ги покрие сите коруптивни афери, скандали и неоставерни ветувања кон албанското гласачко тело, лошата инфраструктура и лошите економски услови, рече Димовски.
Во реплика на Димовски, Бранко Манојловски од ДУИ истакна дека проблемот со јазикот мора да се реши заради тоа што, како што наведе, тоа е еден голем ураган кој кога тогаш ќе продре.
- Албанците сакаат албански јазик и тука нема дискусија и ќе си го добијат. Проблемот меѓу Албанците и Македонците е националната омраза, рече Манојловски.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
