Почна новата академска година на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид

На Универзитетот „Свети Апостол Павле“ во Охрид денеска на свечен начин беше одбележан почетокот на новата академска учебна година, со доделување на дипломите на 73 студенти од третата и четвртата генерација кои тука го стекнаа своето високо образование.
Ректорот на УИТ Нинослав Марина истакна дека во новата академска година на најмладата високообразовна институција во земјата се запишани 153 бруцоши, од кои 103 македонски државјани и 53 странски студенти. Тој нагласи дека интересот на студирање на Универзитетот „Свети Апостол Павле“ расте од година во година, така што оваа година во Охрид ќе студираат млади луѓе од 17 земји од сите континенти.
- Информатичките технологии се речиси насекаде, нивната универзалност во општеството генерира голема потреба од компетентни кадри во областа. Самото студирање на англски јазик ги прави нашите студенти компетитивни на глобалниот пазар на труд, така што можат лесно да најдат работа, како во Македонија така и во светот. Дополнителен мотив за избор на информатичките науки претставува фактот што самата професија поттикнува претприемништо и дава можност за работа од дома, рече Марина.
Александар Лазаревски, дипломец на Факултетот за машинска интелигенција и роботика при Универзитетот „Свети Апостол Павле“, веќе работи во информатичка фирма.
- Тоа е добро, со оглед што информатиката во Македонија се уште е во развој. Има понуда така што препорачувам на идните студенти дека можат да се најдат во информатиката како софтвер инженери и лесно можат да најдат работа споредбено со другите области на образование, рече тој, нагласувајќи дека самата бранша дозволува брз напредок во кариерата доколку се поседуваат потребните вештини и знаења.
Неговата колешка, Анита Ѓонеска од Факултетот за информатички системи, мултимедија, визуелизација и анимација рече дека го одбрала токму УИТ поради фактот што нагорен е трендот во развојот на информатичките компании во Македонија.
- Има многу странски инвестиции и компании од областа на информатиката, така што постои потреба од кадар каков што сме ние. Својата иднина ја гледам тука, во Македонија, имам и некои конкретни понуди, така што очекувам успех и напредок на професионален план, рече Ѓонеска.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Специјалниот суд за Косово сакаше да го зачува кредибилитетот на ОВК
-

Централно-левичарска опозиција победи на изборите во Шведска
-

Русија бара меѓународен договор за забрана на офанзивно оружје во вселената
-

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот
-

Курти: Пресудата за водачите на ОВК е неприфатлива неправда
-

Мицкоски во Вашингтон на средба со конгресмените Клаудиа Тени и Кит Селф, разговарано за значењето на стратешкото партнерство со САД
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
