Македонија
29. March 2021 - 13:15

Почна лидерскиот состанок меѓу Мицкоски и Заев

Почна лидерскиот состанок меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и на СДСМ Заев во Клубот на пратеници.

Нивната средба доаѓа по поканата која Мицкоски ја упати во Интервју за Сител минатата недела по што премиерот Заев веднаш прифати и договорија термин.

Покрај пописот кој што е една од клучните точки на несогласување, Мицкоски и Заев се очекува да разговараат и за изборниот модел и имплементацијата на законската обврска за воведување на гласање со отпечаток од прст. Меѓу темите секако ќе биде и деблокада на Собранието кое поради тенкото мнозинство на власта, ковид пандемијата но и внатрешните несогласувања во валдејчките редови веќе подолг период е надвор во функција.

Заев веќе изјави дека е подготвен да разговара за сите теми а не се исклучуваат ниту разговори за некоја широка влада за која двете најголеми политички партии исто така имаат различни концепции.

На лидерската средба ВМРО-ДПМНЕ оди со искрени намери, и желба да понуди решенија на граѓаните. На маса ќе се стават најжешките прашања, прашањето за влада, темата со пописот, како и дијалог за законите кои ќе значат вистински бенефит за граѓаните, брифираа утрово од опозициската партија.

 

Катерина Нешкова