Почна лидерската средба кај претседателот Пендаровски
Во вилата „Водно“ почна лидерската средба што ја свика претседателот Стево Пендаровски откако во петокот Европскиот совет не донесе одлука за почеток на пристапните преговори до земјава.
На средбата се присутни лидерите на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицковски, а од партиите на Албанците присуствуваат пвите луѓе на ДУИ, Али Ахмети, на БЕСА, Билал Касами, на Алијанса на Албанците, Зијадин Села и на Алтернатива, Африм Гаши. Во вила „Водно“ иако ненајавен пристигна и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.
Се очекува лидерите да разговараат за актуелната состојба по недонесувањето на одлука за датум за почеток на претпристапните преговори со ЕУ и за предлогот на премиерот Заев за одржување на брзо предвремени парламентарни избори.
Ваквиот предлог Заев го даде вчера во неговото обраќање пред јавноста истакнувајќи дека ЕУ направила историска грешка и оти народот е тој кој сега треба да одлучи по кој пат ќе продолжи државата да се движи.
– Народот ни даде мандат и чест да го водиме и тој сега ќе одлучи дали продолжуваме по истиот пат. Ако е така, јас барам одново чист и отворен мандат за да ги продолжиме реформите. Не сме сјајни, имавме грешки, но нема друг пат. Сѐ друго е ќор-сокак, сѐ друго е крив пат и нешто во кое се вртевме во круг 27 години, рече Заев во обраќањето до јавноста.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација