Почна комисиската расправа за притворот на шестмината пратеници
Комисијата за деловнички и мандантно - имунитетни прашања ја почна расправата за барањата за притвор за шестте пратеници на барање на Основниот суд Скопје 1.
На седницата се присутни пратениците од владеачкото мнозинство, додека нивните колеги од опозицијата не се појавија во салата „Борис Трајковски“ во Собранието.
Собранието во текот на ноќта ги извести сите шестмина пратеници, за кои се бара одземање на имунитетот за денешната седница на Комисијата.
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери вчера согласно член 53, став 5 од Деловникот на Собранието ги достави до Комисијата за мандантно-имунитетни прашања барањата за одобрување на притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска поднесени од Основен суд Скопје I Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција IV KOK.ПП. бр.384/17 од 28 ноември 2017 година.
Комисијата е должна да го разгледа барањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Собранието. Врз основа на извештајот, Собранието најдоцна во рок од три дена од добивањето на барањето за притвор на пратеникот одлучува по барањето. За одземање на имунитетот на пратеникот потребно е просто мнозинство. По известувањето за притворање пратеник, кој не се повикал на имунитет, Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник, ако тоа е потребно за вршење на функцијата пратеник.
Пратениците од власта имаат мнозинство во Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања, така што се очекува одлука да биде донесена и доколку пратениците од опозицијата односно од ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваат на седницата. Членови на оваа Комисија се и двајца од пратениците за кои има информации дека е побарано притвор, но според Деловникот и тие треба да бидат известени за седницата. Нивното место во Комисијата ќе го заземат заменици-членови од пратеничката група.
Заменик претседател на Комисијата е пратеникот Петар Атанасов, а членови Мирослав Јовановиќ, Александар Кирацовски, Сашко Костов, Агим Шаќири, Трајко Вељаноски, Јохан Тарчуловски, Крсто Мукоски и Борис Змејковски, а заменици се Горан Мисовски, Хари Локвенец, Сашко Атанасов, Мирсада Емини - Асани, Владимир Ѓорчев, Невенка Стаменковска, Никола Попоски и Зоран Ѓорѓиевски.
Пратениците се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Ахмети со скандалозна изјава од Чашка - Македонците според него зборуваат на бугарски јазик
-
Додека болните чекаат терапија, политичките партии се препукуваат за Онкологија
-
Унгарскиот заем наскоро ќе биде достапен за фирмите
-
Владината програма за 2025 во функција на остварување на стратешките приоритети
-
ИЈЗ: Растат бројките на заболени од грип, но состојбата не е алармантна
-
Македонската зелка нема опасни пестициди
-
Купете си изгубен куфер за 120 денари
-
Преглед на вестите од светот