Почна изградбата на првата турска нуклеарна централа
Во реонот на градот Мерсин во јужна Турција денеска започна изградбата на нуклеарната централа „Аккују“, која турските власти ја градат во соработка со руската државна компанија „Росатом“.
На церемонијата на означувањето на почеткот на градежните работи на првата нуклеарна централа во Турција, меѓу останатите, присуствуваа и турскиот заменик-министер за енергетика Фатих Донмез и генералниот директор на „Росатом“, Алексеј Лихачов.
- Интензивно ќе работиме на изградбата на првиот реактор и се надеваме дека тој ќе биде готов до 2023 година. Ќе направиме се што е во наша моќ да ја зајакнеме соработката со нашите руски колеги, изјави Донмез на свеченоста.
Лихачов од своја страна оцени дека „Аккују“ ќе претставува „гарант за развој на односите меѓу Турција и Русија“.
Договорот за изградба на нуклеарката, чија моќност треба да биде 4.800 мегавати, Турција и Русија го склучуја уште во 2010 година, по што во октомври годинава турската Влада му даде дозвола на „Росатом“ да почне со изградба на централата.
Вредноста на проектот е проценета на 20 милијарди долари.
Ново на Сител
-

Нов обид за деблокада на изборниот законик во Собранието
-

Имињата на новите министри до крајот на неделата ќе бидат поднесени во Собрание
-

Од 1 окотмври секој сам пред матичен ќе дава согласност за донирање на органи
-

Прилеп доби Центар за дневен престој на стари лица за активно стареење
-

Посета на врховниот командант на сојузничката команда за операции на НАТО за Европа
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
