Почна изградбата на пет детски игралишта во Кочани
Општина Кочани ја почна реализацијата на проектот за изградба на четири детски игралишта во градот и едно во селото Грдовци, за што од сопствениот буџет инвестира 3,5 милиони денари.
Предвидено е содветно уредување и опремување игралиштата на површина од 3.500 квадратни метри, што се наоѓаат на земјиште во државна сопственост.
– Градежните активности се во напредна фаза на простор од 900 квадратни метри на улицата „Први мај“, каде фирмата „Панел М“ од Тетово ги изведува земјаните работи. Овој простор, каде веќе има култивирани зимзелени и листопадни садници, ќе добие и летниковец, клупи и придружна урбана опрема, а ќе бидат поставени тобогани, нишалки, клацкалки и други реквизити за игра и забава на децата. Најголема површина од околу 1.200 квадратни метри ќе зафати детското игралиште во населбата Драчевик, во непосредна близина на локацијата за новата детска градинка. Просторот ќе се озелени и ќе добие реквизити за забава, фонтана и друга урбана опрема. Исто така, спроти Ветеринарната станица во Кочани ќе се уреди соодветна инсталација за игра и одмор на децата, а на влезот во Грдовци игралиштето ќе биде на 720 квадратни метри, површина на која покрај детските играчки, ќе има и летниковец и придружни содржини, истакна Влатко Димитров, раководител на Секторот за урбанизам.
Рокот за комплетирање на четирите детски игралишта е пет месеци, а во меѓувреме тече постапката за избор на изведувач за изградба на детски забавен парк на просторот во Трговскиот центар во Кочани. Се очекува уредувањето на оваа површина да заврши до почетокот на мај и да се вклопи во актуелната реконструкција на плочникот и со дополнителните елементи за уредување на централното градско подрачје.
Од локалната самоуправа информираа дека по иницијатива на жители од Трајаново Трло, во Секторот за урбанизам се подготвува техничка документација за изградба на детско игралиште и во оваа кочанска населба.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање