Почна изградба на пат од Калањево до Бела Вода
Општина Неготино вчера официјално започна со изградба на патниот правец од селото Калањево до излетничкото место Бела Вода.
- Станува збор за изградба на линиска патна инфраструктура која ќе обезбеди полесен и посигурен пристап до ова излетничко место кое е посетувано како од граѓани на општина Неготино, така и од жители на други градови од Македонија, се наведува во соопштението на општината.
Вредноста на работите изнесува 15.000.000 денари, средства обезбедени од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој на Република Македонија, додека средствата за данокот на додадена вредност ги обезбедува локалната самоуправа Неготино.
Според локалните власти со реализација на овој проект ќе се изгради модерен и современ пат од Калањево до Бела вода, кој ќе гарантира и поголема сигурност на сите учесници во сообраќајот кои се упатуваат кон ова излетничко место.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Перински ги почна консултациите за измените на законот за локална самоуправа
-
Штипски „Исар“ ќе ги намалува загубите на вода со инсталација на СКАДА системот
-
5 жртви на подрачјето на СВР Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
75 години Танец
-
Средби и стратегија за пласман пред, а не за време на сезоната бараат земјоделците