Почна исплатата на средства за произведена и продадена риба
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 7,3 милиони денари на 14 субјекти за произведена и продадена риба на пазарот. Станува збор за исплата на средства од мерката „Финансиска поддршка за прозиведена и продадена риба на пазарот“ што се реализира преку Програмата за рибарство и аквакултура.
Финансиската поддршка им следува на сите оние субјекти кои произвеле и продале риба на пазарите, а кои во тој период немаат увезено жива риба.
– Рибниците кои произвеле и продале до 25 илјади килиограми риба добија 100 отсто субвенција од 20 денари за продадена риба. Субјектите пак кои произвеле и продале од 25.000 до 50.000 килограми им е исплатена 75 проценти субвенција за 20 денари продадена риба, додека пак оние субјекти кои имаат до 100.000 килограми субвенцијата изнесува 50 проценти од 20 денари продадена риба. 25 проценти субвенција следува на оние субјекти кои имаат произведено и продадено над 100.000 килограми, појаснува директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски.
За користење на овие средства, апликантите треба да се регистрирани за дејноста аквакултура и да се запишани во Регистарот на одгледувачи на риби што се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и да немаат увезено порибителен материјал и жива риба.
Ново на Сител
-
Бугарија бара Бугари и меѓу Македонците муслимани на Косово
-
Проекција на НБРМ: Намален раст и забавена инфлација – Цените на храната двојно повисоки од светските
-
Загрижувачка е состојбата со алергии кај децата
-
Студентите на Правен при УГД-Штип симулираа Европски парламентарни избори
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија
-
Петто 4х4 рели во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Лилјана Поповска